Се продава дел од историјата: Мерцедесот на Хамилтон, V04 на аукција, цена милионска

Навивачите на Луис Хамилтон ќе добијат единствена можност да купат автомобил кој е дел од спортската историја.

Мерцедесот V04, кој Хамилтон го возеше во својата прва сезона со тимот во 2013 година, ќе се најде на аукција следниот месец. Аукциската куќа RM Sotheby’s вели дека тоа е единствениот болид на Мерцедес Ф1 управуван од 38-годишникот кој и е понуден на пошироката јавност.

Проценките предвидуваат дека болидот ќе се продава за помеѓу 8 и 12 милиони фунти кога аукцијата ќе се одржи во Лас Вегас на 17 ноември, пред првата трка во градот Ф1 по четири децении.

„Воден од најуспешниот возач и спортска икона во Формула 1, Луис Хамилтон, овој болид му ја донесе првата победа на Мерцедес во Ф1, што го навестува почетокот на најдоминантниот период на марката“, изјави Шелби Мајерс од аукциската куќа Сотби.

Тој додаде дека соработката помеѓу Хамилтон и Мерцедес „може да се спореди со Џордан и Булс, Брејди и Патриотс или Меси и Аргентина“.

„Ова не е само Формула 1 болид – тој, всушност, би можел да биде еден од најпосакуваните колекционерски предмети во догледна иднина“, заклучил Мајерс.