СЕ РАЗБУДИЛ ОД КОМА, А ЕВЕ КАКО РЕАГИРАЛ КОГА ЈА ВИДЕЛ СОПРУГАТА: Познатиот голман е во ТЕШКА состојба по несреќата, но ова е охрабрувачки

Познатиот голман Серхио Рико (29) неодамна се разбуди од кома, а неговата сопруга откри во каква состојба е моментално Рико.

Рико, да потсетиме, доживеал несреќа додека јавал коњ.

По завршувањето на сезоната, голманот на Пари Сен Жермен отишол во Шпанија, а страшна несреќа се случила на фарма во Ел Роси.

Според верзијата на настаните што се појавија во шпанските медиуми, Рико јавал на коњ кој се судрил со друг коњ. Чуварот на мрежата и коњот завршиле на земја, а еден од коњите го удрил со копито во главата.

Наводно, Рико имал скршени пршлени на вратот и доживеал мозочен удар.

Пред десетина дена се разбудил од кома, а Алба Силва, неговата сопруга откри како реагирал.

– Ги знае нашите имиња и знае кои сме. Меморијата му е добра, но мислам дека не се сеќава на несреќата и на она што се случи на тој кобен ден. Има проблеми со изразувањето, говорот… Одиме чекор по чекор. Сега сакаме само да му биде удобно и да се чувствува добро. Среќни сме што преживеа и тоа е најважно – рече таа и потоа додаде:

– Напредокот е видлив. Почна да комуницира со нас и среќни сме што не препозна. Ги знаете последиците од таквата несреќа. Лекарите не сакаат да брзаат со закрепнувањето. Од ден на ден е се подобро и подобро. Го прашавме за несреќата, но тој само празно не погледна.