Се родил на нива, патувал по светот а сега има своја фирма: Баба ми ме научи една работа и сега одлично заработувам (ФОТО)

Дваесет и четригодишниот Војкан Митиќ има многу причини за славење. Иако во моментов живее во стан под наем и се уште не ја постигнал својата цел, сепак е на вистинскиот пат кој беше многу трновит и тежок.

Овој млад човек, кој е роден во српскиот град Ковин, има 14 години работно искуство. Првата поголема заработка ја оставрил на зелениот пазар, а неколку години подоцна продолжил низ Европа. Тој патувал низ многу земји, работел десетици професии во странство и сега реши да го сподели она што го доживеал.

-Често се шегувам и велам дека мајка ми ме родила на нива. Потекнувам од многу скромно семејство, моите родители се занимаваа со земјоделство, а татко ми за да изгради куќа се занимаваше со разни работи. На десет години почнав да работам со дедо ми на пазар и тогаш за првпат заработив 1.000 евра. Одевме по селата и продававме кревети, а јас продавав и глинени фигури. После тоа добро заработував и во средно, работев и пред и после училиште, сликав портрети за пари, работев на нива, а преку лето вршев поправки, повремено бев келнер, раскажува Војкан, кој по професија е туристички водич.

Прва дестинација Словачка

И покрај тоа што добро заработувал, по завршувањето на средното училиште, Војкан заедно со својот најдобар другар побегнале од дома и заминале во Словачка со само 50 евра.

Да барав од моите родители да патувам, немаше да ми дозволат. Кога тргнав, и оставив порака на мајка ми и се поздравив со мојата девојка. Зборував со мојот другар тоа утро и одеднаш решив да заминам со него во 22 часот вечерта, се присетува Војкан на почетокот на својата авантура низ Европа.

Кога пристигнале во Словачка, на почетокот немале работа, но по неколку дена се вработиле во фабрика која произведувала комоди за телевизор и им било обезбедено сместување.

Беше многу тешко. Работевме во фабриката во 12-часовни смени и пешачевме по четири километри секое утро, седум дена во неделата. За тоа време живеевме во куќа од 100 квадратни метри, заедно со уште триесетина луѓе, се сеќава Војкан на искуството од Словачка.

Косел трева во Шведска

По неколкумесечна напорна работа во Словачка, вредниот Војкан заминал за Шведска, кај вујко му во Гетеборг. Таму косел трева и по неколку месеци решил да замине на ново патување.
Се преселил во Германија, во Минхен, каде што работел како шетач на кучиња, но со еден пријател планирале да соберат доволно пари за да започнат сопствен бизнис. Но, нивната идеја не им се остварила и набрзо решиле да продолжат понатаму, овој пат во Белград.

Реков дека никогаш нема да се вратам во Ковин. Сега поминаа повеќе од пет години откако сум во Белград. Кога се вратив од Германија, работев како готвач, но во почетокот не сакаа да ме вработат. Се согласив да мијам садови додека не ја научам работата, а најлошото чувство што го имав беше кога ја заработив првата плата на тоа место. Тоа беше во време кога штотуку се вратив од странство каде месечно заработував околу 2.000 евра, а потоа тука како готвач добивав 35.000 динари (нешто под 300 евра), вели Војкан.

Од баба му научил како функционира бизнисот

Сепак, како што вели, бил во својата земја, зборувал на својот јазик, додека на претходните места каде што работел не бил ни граѓанин од трета класа. Сепак, имал визија.

На Балканот има криза, се претура од шупливо во празно, додека во странство ти даваат точно онолку пари колку што ти требаат за да преживееш. Од вас прават робови кои живеат во лоши услови и робуваат за пари, вели овој вреден млад човек, кој додава дека кога имал десет години баба му го научила како функционира бизнисот.

Денес, по многу сменети работни места и многу подеми и падови, Војкан се занимава со мрежен маркетинг, има своја маркетинг компанија и работи за големи клиенти.

Немам газда или работно време, туку само цел што треба да ја исполнам. Можеби ќе го развивам овој бизнис половина година, но потоа планирам да ги усовршам вештините за невролингвистичко програмирање (НЛП) и да бидам еден од петте најдобри тренери за личен раст и развој до 2030 година, вели овој надежен млад човек за своите идни планови.