Се сеќавате ли на ламбада? Направете ја оваа легендарна торта која буди носталгија

Ламбада е вкусна торта со вкус на чоколадо и портокал, која на многумина ќе им ги врати спомените од детството.

Оваа легендарна торта уживаше особена популарност во текот на 90-тите и раните 2000-ти, а за да ја спасиме од заборав, во продолжение ви претставуваме едноставен рецепт.

Состојки:

Бисквит

6 јајца
150 гр шеќер
150 гр обично брашно
0,5 кесички прашок за пециво


Желе од портокал

  • 1 л сок од портокал
  • 50 гр шеќер
  • 3 кесички пудинг од ванила

Бел крем

  • 500 мл млеко
  • 50 гр шеќер
  • 50 гр обично брашно
  • 200 гр путер

Слој од бисквит

  • 150 гр петит бисквити да се премачкаат врз желето
  • 150 мл ладно млеко

Глазура

  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 70 гр путер

Подготовка:

Бисквит

Одделете ги белките од жолчките. Измешајте ги жолчките и шеќерот и додадете мазно брашно измешано со прашокот за пециво. Од белките направете снег и додајте го во смесата. Печете го бисквитот на 180 степени околу 20 минути, додека не порумени.

Желе од портокал

Во сок од портокал згответе пудинг од ванила измешан со шеќер, а потоа уште топол прелијте го врз бисквитите. Оставете го целосно да се стегне.

Бел крем

Брашното и шеќерот се варат во млеко, по можност на пареа. Се остава да се излади, па се додава омекнатиот путер и се меша додека не се добие мазен крем. Намачкајте ги петит бисквитите.

Врз белиот крем наредете ги бисквитите натопени во млеко и оставете го колачот да се излади.

Завршница

Покријте ја тортата со чоколадната глазура која сте ја стопиле на пареа. Оставете го преку ноќ и дури потоа исечете.

По желба парчињата можете да ги украсите со парченце портокал, мандарина, лимон и лист нане.