Се снима новиот дел од „Пиратите од Карибите“: Дизни го сака Џони Деп назад, но …

Изгледа дека Џони Деп можеби се враќа во франшизата „Пиратите од Карибите“, според најновите гласини за филмската франшиза во сопственост на Дизни.

Откако глумеше во пет филмови, Џони Деп рече дека Дизни го отпуштил од улогата во франшизата поради обвинувањата на поранешната сопруга Амбер Херд. Деп подоцна победи на судењето за клевета со Херд, што доведе до огромно барање на обожавателите Деп да биде вратен како капетан Џек Спароу.

Според новинарот Даниел Рихтман, Дизни сега размислува да го врати Деп за нов, шести дел, но овој пат Џек Спароу би бил споредна, а не главна улога. Засега, овие гласини не се потврдени и не е јасно дали Деп навистина ќе биде вклучен во следниот филм, но тоа не би било изненадување.

Џони Деп

Многу фанови на социјалните мрежи изјавија дека би одбиле да гледаат друг филм од оваа франшиза доколку Џони Деп не учествува во него .

Дали актерот би ја прифатил понудата на Дизни да се врати? Деп за време на судењето рече дека се чувствувал „изневерен“ од Дизни што го отпуштил од улогата. Тој истакна дека нема желба повторно да соработува со Дизни, дури и ако му бидат понудени „300 милиони долари и милион алпаки“, пишува CBR .