СЕ ТРЕСЕ БЕЛГРАД – Никола Миротиќ ПОТПИША за Партизан!?

Следната сезона ќе носи црно-белоиот дрес!?
Заврши сагата која траеше со недели, Никола Миротиќ е новиот играч на Партизан, пишуваат српските медиуми!

Сега веќе поранешниот кошаркар на Барселона, како што дознава Телеграф, потпишал договор со Партизан, чиј дрес ќе го носи следната сезона. Договорот е потпишан за 1+1 сезона.

Миротиќ беше поврзан со многу клубови. За него беа заинтересирани Панатинаикос, Олимпијакос, Монако, Милан и Црвена звезда, но тој се одлучи за црно-белите, како што неофицијално се дознава, пред се поради тренерот Жељко Обрадовиќ.

Никола Миротиќ е роден 1991 година во Подгорица. На 17-годишна возраст пристигна во Реал Мадрид, каде што играше шест сезони. Следуваше НБА кариера и одлични партии во дресот на Чикаго, подоцна Њу Орлеанс и Милвоки.

Последните четири години ги помина во Барселона. Во текот на минатата сезона во редовите на Каталонците во Евролигата забележа 14 поени и пет скока по натпревар

Покрај Миротиќ, црно-белите ги засилија и Матеус Понитка и Огњен Јарамаз, а продолжени се договорите на Зак Ледеј, Алекса Аврамовиќ и Кевин Пантер.