Се тресе Грција, уште еден силен земјотрес во близината на Закинтос на длабочина од 10 километри во морето


Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди градот Килини на Пелопонез, 28 километри североисточно од островот Закинтос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 20 часот и 34 минути, бил во морето, на 17 километри јужно од Килини, на длабочина од 10 километри, пренесува Прототема.

На местото на настанот се испратени противпожарни возила, но засега нема информации за штети.