Како што стојат работите, ќе треба да ,,испие многу вода” за шпанскиот тенисер да се удостои да биде во иста реченица со вистинскиот великан на белиот спорт, Новак Ѓоковиќ.
Пред неколку дена јавно „се лупаше во гради“, се пофали со својата игра, рече дека тој е „чудото“ што ќе го сруши Новак во Мелбурн, а потоа доби голем шок уште во четвртфиналето.
Додека фантазираше како ќе го уништи Ѓоковиќ , Александар Зверев му одржа лекција на теренот, нанесувајќи му болен пораз и уништувајќи му го сонот за титула и враќање на тенискиот трон.
Јас сум чудо
Пред неколку дена Род Лејвер изјави дека само чудо може да го спречи Новак Ѓоковиќ да ја освои 11-та титула во Мелбурн.
Кога новинарите побараа од Алкараз да ја коментира таа изјава, препотентниот Шпанец рече:
„Моето име е чудо!”
„Ќе се обидеме да се погрижиме тоа да не се случи – Ѓоковиќ да ја освои титулата овде многу пати и да игра на врвно ниво, но ова е тенис и ништо не може да се тврди однапред. Се надевам дека ќе можам да ја освојам титулата во Мелбурн”, рече Карлитос.
Популарноста и напумпани фалби на западните медиуми очигледно му удриле од глава, летал превисоко, а како што обично се случува следело болно слетување.
Што би рекол нашиот народ: „Секое „чудо“ за три дена“.