Хеликоптер се урна во областа Брјанск во Русија, која се наоѓа веднаш на границата со Украина, јавија руските државни медиуми.
Според руските медиуми, хеликоптерот паднал откако се запалил неговиот мотор.
Во исто време, на социјалните мрежи кружат поинакви верзии за инцидентот. На руските канали на Телеграм е објавено и видео од падот на хеликоптерот. Се тврди дека бил соборен од руската противвоздушна одбрана во пријателски оган.
Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, на Твитер објави уште едно видео на кое, според руски канали на Телеграм, наводно, се гледа пад на уште еден хеликоптер.
Информациите не можат да се проверат од независни изори