Се шири нов вирус кој е многу заразен и ги напаѓа децата: Во град во соседството е потврден првиот случај! Ситуацијата е алармантна
Во Србија е потврден уште еден случај на мали сипаници, кај невакцинирано деветгодишно дете од Нови Сад. Детето е хоспитализирано поради компликации.
Во Србија досега се регистрирани вкупно 25 случаи на морбили, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Во Смедерево се регистрирани вкупно 24 случаи, а се работи за 14 невакцинирани деца на возраст до две години, три деца од предучилишна возраст и седум возрасни лица со непознат и нецелосен статус на вакцинација, пишува N1.rs.
Од 11 јануари во Србија се на сила мерките за епидемиолошки надзор за оваа болест.
Како што нагласија и предупредија експертите, проблемот е што во текот на 2020 и 2021 година, во Србија се регистрирани најниски вредности на покриеност со МРП вакцина во последните дваесет години.