Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани: “Ветерот е наш противник“

Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани, вечерва потврдија за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. 

За жал, ветерот е наш противник во овој случај и упорно го разгорува и проширува пожарот. На терен имаме седум пожарникари со три возила на кои им помагаат и жители од село Бегниште,  дополнително е повикан и приправниот тим на ТППЕ и побарана е интервенција од Ј.П ‘Македонски шуми’. Ги замолуваме граѓаните на внимателност“, рекоа од Противпожарната единица. 

Оттаму потсетија дека денеска ТППЕ Кавадарци, имаше интервенција на три локации на отворено – ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село БегништеКошани.