Се шпекулираше дека се во кавга, а по венчавката отишле чекор понатаму: Бен Афлек и Џеј Ло ги израдуваа фановите

Има промени во семејниот живот на познатиот холивудски пар кој го сочинуваат Бен Афлек и Џеј Ло, пренесуваат американските медиуми. 

Бен Афлек моментално го промовира својот нов филм „Air“ во кој освен како режија се појавува и како актер. Во таа продукција игра и неговиот добар пријател Мет Дејмон.

Овој филм ја следи приказната за продавачот на чевли Сони Вакаро и како тој ја водеше компанијата Најк во обид да го придобие еден од најголемите спортисти во историјата на кошарката – легендарниот Мајкл Џордан.

Овој филм го претставува првиот проект на нивната новооснована продукциска куќа „Artists Equity“ и не само што веќе работат на вториот проект, туку и многу бомбастична вест е прикачена на него.

Бен и Џенифер: Отсега и тие заедно одат на работа

За Џенифер Лопез и Бен Афлек се пишуваше дека се степале по доделувањето на Греми наградите, каде  актерот не изгледал баш весело. Меѓутоа, како што сега пренесуваат американските медиуми, меѓу двајцата сопружници не само што нема кавга, туку и по венчавката отишле чекор понатаму. 

И што е чекор понатаму во нивниот конкретен случај? Популарниот пар отсега ќе биде заедно и на работа но и дома. Имено, Бен Афлек подготвува нов филм и, очигледно, во него ќе игра заедно со Џеј Ло. 

– Само што почнуваме да ја слушаме приказната за борачот Ентони Роблс, кој е роден со една нога и освоил национално првенство за државата Аризона – изјави Бен. 

Бен не сакал веднаш да признае дека ќе снима филм со сопругата, но во еден момент попуштил. Не само што потврди, туку дури и рече дека отсега со нетрпение чека да оди на работа со сопругата.

–  Голема е радоста да се работи со неа, таа е одлична. Одам на работа со жена ми, одам на работа со мојот најдобар пријател. Одлично! Вашата работа е голем дел од она што е вашиот живот. Ако не ви се допаѓа со кого работите, ќе имате потешкотии и неволји. Може да ви предизвика главоболки и анксиозност – го откри Бен својот начин како да се ослободи од овие тегоби.