“СЕ ШТО Е ВЕТЕНО ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТО“ – Премиерот на Црна Гора најавува оставка ако просечната плата во земјата за една година не биде 1.000 евра

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, денеска, на претставувањето на резултатите од работата на Владата за првите 100 дена, изјави дека ќе поднесе оставка доколку за една година просечната плата во Црна Гора не биде 1.000 евра, а минималната 700.

Ако просечната плата за една година не е 1.000 евра, а минималната плата 700, ќе поднесам оставка“, порача Милојко Спајиќ и додаде: „Се што е ветено ќе биде исполнето до последно“.

Тој исто така нагласи дека дава јасни и „цврсти ветувања“.

Сите можете да запишете, тоа ветување ќе се исполни“, нагласи Милојко Спајиќ.

Минималната бруто плата во Црна Гора во 2024 година е 532,54 евра и е една од најниските во Европа.