Силен земјотрес го погоди Чиле: Се појавија снимки кои докажуваат дека тоа траело долго (ВИДЕО)

Епицентарот на земјотресот бил во морето, на околу 80 километри од градот Ваљенар

Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле половина час по пладне по локално време.

Епицентарот на земјотресот бил во морето, на околу 80 километри од градот Ваљенар.

Жителите на тој град велат дека земјотресот  бил исклучително силен, а за тоа дека траел долго сведочи и видеото на кое може да се види како водата се тресе во контејнерите, додека камерманот дури успеал да го испечати датумот на земјотрес за да докаже дека снима актуелен настан.

Засега нема информации за евентуални штети и жртви.