Драматично на Блискиот Исток! Армијата на Саудиска Арабија е во состојба на борбена готовност?

Борбите со Хутите се интензивираа

Вооружените сили на Саудиска Арабија во моментов се во состојба на готовност поради судирите со бунтовниците од движењето Ансар Алах, познати и како Хути, изјавија за Блумберг неименувани извори.

Судирите ескалираа откако Хутите на 19 октомври извршија напади со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Израел.

Според извештајот на Пентагон, овие проектили биле пресретнати од американски разурнувач во Црвеното Море.

Во борбите на границата со Јемен животот го загубиле четворица војници од Саудиска Арабија, наведуваат извори на Блумберг. Покрај тоа, саудискиот противвоздушен систем успешно пресретна еден проектил истрелан од Хутите.

Според соопштението на агенцијата, министерот за одбрана на Саудиска Арабија, Калид бин Салман, планира патување во Вашингтон за да разговара за ситуацијата во Јемен, како и за последиците од војната меѓу Израел и Хамас .

Конфликтите во Јемен меѓу владините сили и поддржувачите на Ансар Алах траат од 2014 година, а во април 2022 година, страните постигнаа примирје што истече на 2 октомври.