СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ БиХ: Епицентарот регистриран кај Тузла, се тресат зградите на километри наоколу (ФОТО)

Босна и Херцеговина попладнево ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Според првите информации од веб-страницата на ЕМСЦ, епицентарот е на 17 километри од Тузла , односно 13 километри од Лукавац.

На четврти кат сме во центарот на Тузла! Многу се тресеше – вели еден корисник во коментар на веб-страницата на EMSC.

Тресењето на земјата е забележано во 17 часот и 23 минути, а според корисниците, земјотресот во два наврати траел десет секунди.

Земјотресот бил на длабочина од еден километар во близина на Лукавац.

Засега не е евидентирана материјална штета предизвикана од тресење на земјата.

– Граѓаните не пријавиле материјална штета на објектите. Веруваме дека така ќе остане бидејќи се работи за интензитетот на земјотресот кој не треба да предизвика штети – изјавија за Кликс од Цивилната заштита на кантонот Тузла.