Дијабетесот ги оштетува очите, срцето, мозокот, а особено бубрезите

Турската фондација за бубрежни заболувања го организираше настанот „Се кршат окови од шеќер“ во истанбулската населба Кадикој, со цел да ја подигне свеста кај луѓето за штетите настанати од прекумерното консумирање шеќер.

На настанот организиран во рамките на „Светската недела за подигнување на свеста за потрошувачката на шеќер“, со свој перформанс настапија уметници со џиновски бонбони закачени за нивните нозе со синџири, а организаторите споделија информации за штетите од прекумерното консумирање шеќер.

Претседателот на Турската фондација за бубрежни заболувања, Тимур Ерк, во своето обраќање рече дека Турција се наоѓа на трето место во светот, по САД и Мексико, според дебелината на луѓето предизвикана од шеќер.

Наведувајќи дека потрошувачката на шеќер мора да се намали за да имаме здрави млади генерации, Ерк нагласи дека во Туркије се троши трипати повеќе шеќер од дневно дозволеното количество шеќер, кое изнесува 50 грама според бројките на Светската здравствена организација кај возрасни.

Ерк подвлече дека прекумерното консумирање шеќер предизвикува многу болести, особено хронични.

– „За жал, паднавме на прашањето за шеќер“

Истакнувајќи дека имале соработка со Министерството за здравство на Турција во врска со потрошувачката на сол и притоа биле успешни на тоа поле, Ерк рече: „Успеавме да ја намалиме просечната потрошувачка на сол од 18 грама на 10-12 грама. Но, за жал, паднавме на прашањето за шеќер, не успеавме да го сториме тоа и со шеќерот. Вложуваме напори веќе 10 години. Успеавме само за 10 грама да ја намалиме дневната потрошувачка на шеќер од 150 грама шеќер кај возрасните лица. Затоа, треба да работиме многу напорно по ова прашање“, рече тој.

Нагласувајќи дека сите треба да работат на оваа тематика, Ерк изјави дека едно од најважните прашања тука е децата да имаат пристап до здрава храна во кантините.

Специјалистот нефролог д-р Билал Ѓорчин рече дека дијабетесот е едно од најчестите хронични заболувања, како во Турција, така и во светот.

Истакнувајќи дека дијабетесот е поштетен и од крвниот притисок, д-р Ѓорчин информираше дека ова заболување ги оштетува очите, срцето, мозокот, а особено бубрезите по 20 години.

– „Повисока е стапката на појава на дијабетес кај луѓето со прекумерна тежина“

Д-р Билал Ѓорчин рече дека во моментов 40 од 100 пациенти во Турциј и во светот се на дијализа поради откажување на бубрезите предизвикано од шеќер.

Посочувајќи дека луѓето треба да имаат многу добра контрола на шеќерот за да спречат оштетување на нивните органи, д-р Ѓорчин го даде следниов коментар: „Луѓето за да не станат дијабетичари или да се сретнат со дијабетес на многу напредна возраст, доколку тоа е генетски во нивното семејство, мора да избегнуваат одредени работи. Тука најважно нешто е тежината. Навистина, многу повисока е веројатноста за појава на дијабетес кај луѓето со прекумерна тежина. Второ е животот без движење. Трето е начинот на нивната исхрана. Особено готовите јадења или различни прехранбени производи што содржат шеќер. Треба да обрнеме внимание на овие нешта.“