СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ КИНА

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Кина околу 16:30 часот по локално време, јавува EMSC.

Земјотресот  се случил на 296 километри југоисточно од градот Алмати во Казахстан, а е регистриран на длабочина  од четири километри.

Засега нема информации за материјална штета или повредени.