Чави: “Не вреди да се работи како тренер на Барселона, секој ден се бориш против се“

Тренерот на Барселона, Чави, смета дека работата во Барса не вреди за проблемите што ги носи. По поразот од Виљареал со 3:5 на крајот на јануари, Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

Си заминувам затоа што поминав две и пол години на оваа позиција и сфатив дека не вреди да се биде тренер на Барселона. Јас така мислам. Секојдневно се бориш против се, тоа е исцрпувачко. Не можете да уживате во животот. Видов како тренерите во овој клуб трпеа и доживуваа тешкотии, дури и кога победуваа. Некои од нив ја освоија Лигата на шампионите, но сепак беа на „сослушување“. Во други земји – Англија, Германија или Италија – можете да уживате во тренерската работа“, истакна Чави.

Барселона по 22 одиграни натпревара во Ла Лига има 47 бодови и се наоѓа на 4. место. Пред Каталонците се Реал Мадрид со 57, Жирона со 55 и Атлетико Мадрид со 47 бодови.

Вечерва од 18:30 часот Барса му гостува на Алавес во дуел од 23. коло на Шпанското фудбалско првенство