Силјановска и Пендаровски ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори

Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата влегуваат во вториот круг од претседателските избори во Македонија, кои ќе се одржат на 8 мај, истовремено со единаесеттите парламентарни избори во земјата.

Силјановска Давкова, според првичните резултати на Државната изборна комисија од преброените гласови, од 3.474 избирачки места, што одговараат на 99,03 отсто од избирачките места, освоиле 362.682 гласови – 40,08 отсто, додека Пендаровски освоил 180.306 гласа 19,9 отсто, што одговараат на .

Трет по освоени гласови од седумте кандидати е Бујар Османи од Европскиот фронт со 120.903 гласови (13,36), а по него е Арбен Таравари од ВЛЕН со 83.356 (9,21).

Максим Димитриевски од ЗНАМ со 83.787 (9,26), Билјана Ванковска со 41.172 (4,55) поддржан од ЛЕВИЦА, а со најмалку гласови е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 8.103 гласа (0,90).