Симеоне: Ми се допаѓа Барселона, тие се подобрија многу по доаѓањето на Чави

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го сподели своето мислење за играта на каталонскиот клуб пред натпреварот од 30. коло на шпанското првенство против Барселона.

– Ми се допаѓа Барселона што ја гледам, тие значително се подобрија со доаѓањето на Чави. Ова е вистинската Барселона, имаат одлично првенство и се подобрија во одбраната. Ова е плус, со оглед на тоа што нејзиниот стил секогаш ќе биде напаѓачки. Историски гледано, Барселона игра напаѓачки фудбал благодарение на умешноста на своите играчи во нападот. И овие подобрувања во дефанзива само даваат дополнителна вредност на работата на Чави, изјави Симеоне.

Натпреварот Барселона – Атлетико ќе се игра денес со почеток во 16:15 часот.

Барселона е лидер во Ла Лига со 73 бода, Атлетико е трет со 60