Синан Сакиќ ќе добие свој музеј, cè ќе се случи за два дена, иницијатор е неговата сопруга (фото)

Легендарниот пејач на народна музика, роден во Лозница, Синан Сакиќ, кралот на емоциите, единствен на балканскава естрада, добива музеј во родниот крај.

Оваа можност неколкупати по неговата смрт ја спомна сопругата Сабина, која во петок, на тринаесетти октомври, ќе ја исполни оваа желба и на истата адреса ќе го отвори своето студио и музејот Синан Сакиќ.

Таа од својот Инстаграм профил испрати покана за отворањето до сите на кои им се допаѓаат песните на Синан, а отворањето го закажа на денот на неговиот роденден, во пет часот. Музејот и нејзиното студио се наоѓаат на Улица Светога Сава 14, во централниот дел на Лозница, чие име Синан го рашири низ светот.

Песните на овој пејач, кој својата музичка кариера ја започна во 1978 година и до 1984 година беше музичар заедно со пеењето, ги знаат дури и оние кои претпочитаат поинаква музика.

Нема слава без да се слушне една негова песна, од: ‘‘Reci sve želje’‘, ‘‘Sudbina me na put šalje’‘, ’‘Ej, od kad sam se rodio’‘, ‘‘Zoko, moja Zoko’‘, ‘‘Sve je postalo pepeo i dim’‘,  и други до еден од неговите последни големи хитови „Lepa do bola“.

Во својата богата кариера сними, според некои податоци, триесетина албуми, имаше големи тиражи и се знаеше дека каде и да пее има цунами од емоции и голема радост.

Eден од најголемите и најомилени пејачи на народната музика почина на 1 јуни 2018 година во 62-та година од животот, во семејниот стан во Белград, а почива во Лозница.

Од петок, благодарение на сопругата, тој во родниот град ќе има музеј каде ќе се чува неговото сеќавање, а љубителите на неговото дело ќе имаат место каде што ќе можат да се потсетат на човекот кој пееше со душа.