СИН НА ПОЗНАТ АКТЕРСКИ ПАР ГО РАСПАРЧИЛ ЉУБОВНИКОТ: Го пресекол телото на 14 дела, главата ја фрлил во море, нуркачите го откриле хоророт (ФОТО)

Млад готвач од Шпанија го убил и распарчил својот љубовник за време на одмор во Тајланд .

Даниел Санчо Брончало (29) е обвинет дека минатата среда до смрт го претепал пластичниот хирург Едвин Ариета Артеага (44) од Колумбија, а потоа му го распарчил телото. Деловите од телото, вклучувајќи ги колковите и бутовите, ги пронашле шокираните мештани на ѓубриште еден ден подоцна.

Санчо, кој е познат Јутјубер, им признал на властите дека го убил својот љубовник по расправија за секс и пари , според локалната полиција. Готвачот го исекол телото на 14 парчиња пред да ги фрли во морето и другите места околу островот Ко Фанган пред да поднесе пријава за исчезнато лице.

Полицијата соопшти дека парот – за кој се вели дека биле во врска една година – дошле во Тајланд за да присуствуваат на забава минатата недела.

Во неделата, Шпанецот беше снимен во друштво на полиција како се шета низ островот каде што наводно ги упатил полицајците на место на плажата каде што возел кајак за да ги фрли деловите од телото. Полициските нуркачи подоцна ги пронашле главата и рацете на жртвата. Санчо е задржан во притвор и ставен под надзор за да се осигура дека нема да изврши самоубиство пред да се појави на суд.

Сурапонг Таномџит од локалната полиција изјави дека готвачот ќе биде обвинет за убиство со умисла и тајно движење и уништување на телото за да се скрие смртта или причината за смртта.

– Осомничениот признал дека го убил Едвин Ариета Артеага, а потоа го распарчил телото. Деловите ги ставил во куфер и ги оставил во морето. Тој тврдеше дека жртвата била лута кога одбил да спие со него. Потоа го удрил со тупаница во главата. Жртвата паднала и удрила во кадата. Потоа го исекол телото за да ја скрие смртта. Инспекторите пронашле траги од телото на жртвата во хотелската соба која ја резервирал осомничениот – изјави за AFP началникот на локалната полиција Пања Ниратимон.

Санчо потекнува од познато шпанско актерско семејство. Неговите родители се познатите актери Родолфо Санчо и Силвија Брончало, додека неговиот дедо Санчо Гарсија исто така бил позната филмска и телевизиска ѕвезда.

Санчо имаше емисија за готвење на Јутјуб.

Кох Фанган е инаку познат по своите бели песочни плажи и привлекува илјадници туристи за своите озлогласени диви забави.