Сите од Голден Стејт носеа посебен детаљ на погребот во чест на Дејан Милојевиќ (фото)

Кошаркарскиот свет денеска во солзи се прости од легендарниот кошаркар и тренер Дејан Милојевиќ кој прерано нè напушти на 17 јануари.

На гробиштата Ново Бежаније се собраа луѓе од сите краишта на земјината топк и му оддадоа последна почит и се простија од големиот Деки.

Меѓу сите нив имаше и делегација на Голден Стејт Вориорс, каде Милојевиќ работеше како асистент во стручниот штаб.

Тренерот на Вориорс, Стив Кер ја предводеше делегацијата, а со него беа и Мајк Данливи, Боб Мајерс и Заза Пачулија.

Тие му оддадоа почит на Деки со еден посебен детаљ на свој начин, имено значка во форма на срце на која беа испишани иницијалите „ДМ“ , која сите членови на делегацијата ја носеа закачени на нивните одела.

На овој начин тие ги испратија последните поздрави до пријателот и колегата кои прерано ги напушти.