,,Сите се плашеа од мене!” – Трамп проговори за односот со Путин, Си, Ким…

Доналд Трамп смета дека неговиот однос со рускиот претседател Владимир Путин е добар, рече тој во интервју со новинарот Шон Ханити на каналот Фокс њуз.

– Се согласував со Путин. Знаете, добро е да се разбирате со луѓе како Путин. Зборував со претседателот Си, имам одлични односи. Ако победеше Хилари Клинтон, ќе имавме нуклеарна војна со Северна Кореја со Ким Џонг Ун – и јас се согласив со него – рече Трамп.

Според поранешниот претседател, треба да се одржуваат нормални односи со „луѓето кои имаат моќно нуклеарно оружје“.

Тој потсети и како унгарскиот премиер Орбан предложи „враќање“ на Трамп.

– Паметен, брилијантен тип, многу почитуван – додаде Трамп.

Покрај тоа, политичарот увери дека „сите се плашеле од него и го почитувале“.

Поранешниот претседател често дава позитивни изјави за Путин. Минатата недела, во интервју за Фокс њуз, Трамп го опиша рускиот лидер како „многу паметен и многу лукав“ политичар и призна дека американските медиуми мразат кога тој така зборува за Путин