Нов шок во Германија! Се огласи првиот човек на одбраната: Берлин тоне поради Украина, знаете ли кој ќе треба да се жртвува!?

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги отфрли повиците за поголема германска воена помош за Украина.

– Не можеме да одиме „на сè“, како што бараат некои. Во спротивно, самите би биле беспомошни – изјави Писториус за Тагешпигел. 

Тој истакна дека Германија досега испорачала сè што е можно и дека Германија веќе и’ дава на Украина најмногу од сите земји на ЕУ , и дека сега останува на другите европски партнери да направат повеќе, пишува Велт. 

– На сите мора да им биде јасно: ако Путин победи во оваа војна и ја окупира Украина, опасноста за зоната на НАТО, се разбира, ќе се зголеми –  предупреди Писториус.

Според неговото мислење, мора да се земе предвид дека еден ден Русија дури и ќе нападне земја на НАТО.

Писториус во моментов не смета дека е веројатен руски напад, но наведува дека германските експерти проценуваат дека во период од пет до осум години тоа би можело да биде можно. Тој посочува дека поради тоа Бундесверот мора да стане „подготвен за војна“, дека мора да се преземат мерки на претпазливост и одбранбена способност.