СЕ УРНА КРOВ НА ФИСКУЛТУРНА САЛА ВО КИНА додека децата играле кошарка, има и мртви

Во градот Џиамуси во североисточната кинеска провинција Хеилонгџијанг синоќа се урнал покрив на гимназија.

Би-би-си јавува дека загинале три лица, а трагедијата се случила неколку дена откако во тој дел на Кина падна невообичаено студено време и обилен снег.

Кина, стадион

Се наведува дека не се дадени детали за жртвите, но се знае дека во холот во моментот на уривање на покривот имало деца.

Видеата објавени на кинеските социјални мрежи покажаа дека спасувачите се обидуваат да ги отстранат парчињата бетон покриени со снег, кои паднале на затвореното кошаркарско игралиште за да најдат преживеани.

Во еден клип, една жена е прикажана како трча кон салата на ледена улица.

– Мојот син! Мојот син е таму! – се слуша како жената вика.

Надлежните соопштија дека покрај трите жртви, едно лице е тешко повредено, а одговорниот за салата е уапсен.

Сè уште не е познато што го предизвикало уривањето на покривот, а Би-Би-Си потсетува дека ова е втор ваков случај за неколку месеци, откако во јули, по обилните дождови, се урна и покривот на гимназијата во градот Чиќихар, кога Загинаа 11 лица.