МЗТ Скопје победи во Сплит и ги задржа шансите за опстанок во АБА-лигата

 Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва забележа победа на гостувањето во Сплит против истоимената екипа со резултат 77:74.

Ова е прва победа за аеродромци на гостински терен во последното гостување сезонава во основниот дел од регионалната лига.

По овој триумф „штрковите“ останаа со шанси за опстанок. За да го избегнат последното 14. место, потребно е Борац Чачак да загуби утре дома од Црвена ѕвезда и во последното коло од Будуќност на гости, додека МЗТ Скопје идниот петок да слави на свој терен против Цибона.

Четворица кошаркари на македонскиот тим вечерва имаа двоцифрен број поени. Војдан Стојановски постигна 16, Дамјан Стојановски 13, Александар Бурсаќ 12, Мајк Кефи 10.

Кај домаќините се истакна Шенон Шортер со 22 поена.