СИТЕ СЕ ПРАШААТ КОЈ Е ТАТКОТО НА СИНОТ НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ: Вака изгледа процедурата низ која поминуваат мајките при изборот на донатори
Марија Шерифовиќ стана мајка на 2 декември, кога се роди нејзиниот син Марио, кој го доби со помош на сурогат мајка.
Ова прашање ја заинтригира јавноста и не требаше долго да се развијат разни приказни и теории за овој среќен настан. Едно од главните прашања беше, кој е татко на детето?
Марија мораше да помине низ многу ригорозна процедура поврзана со сурогат мајчинството, доколку не можеше да има дете во Америка. Марија можела да го избере таткото на детето дури откако ќе ги добие сите потребни дозволи и откако ќе и бидат извадени јајце клетките . Целата процедура, од почетокот до моментот кога добила син, траела околу две години.
Како што се шпекулира, јајце клетката на пејачката била оплодена со сперма на донор, кого таа го избрала во една од многуте банки во Америка. Постапката им овозможува на потенцијалните мајки да го изберат таткото на своето дете според неговите физички карактеристики, како што се висината, тежината, бојата на косата, очите, здравјето.
Банките добиваат донации од донатори , кои поминуваат повеќе од ригорозни контроли, а корисниците на донациите потпишуваат договор за доверливост, со што се спречува споделување на какви било информации. Најчесто се остава можност на вака родено дете да дознае информации за својот татко, кога ќе порасне и ако сака.