СИТЕ СИ ЗАМИНУВААТ, НО ТОЈ ОСТАНУВА! Лука Модриќ веќе потпиша нов договор со РеалМадрид! Претставник на клубот потврди: “Се е решено“

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (37 г.) потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид до 30. јуни 2024 година, па ќе биде вториот капитен на шпанскиот тим следната сезона, соопштија денес челниците на клубот, објавија хрварските медиуми.

Лука Модриќ веќе има потпишан договор до 30. јуни 2024 година. Тој е нашиот втор капитен“, рекол еден функционер, барајќи анонимност.

Лука Модриќ во вторникот остана во кампот на клубот во северното предградие на Мадрид и присуствуваше на прошталната медиумска конференција на капитенот Карим Бензема (35 г.). Францускиот напаѓач се сели во Саудиска Арабија односно клубот Ал Итихад по 14 години минати таму.

По настанот Лука Модриќ се прости од клупските челници и се подготви да го напушти Мадрид.

Тие нема да дојдат овде повеќе до почетокот на подготовките за следната сезона“, рекол официјалниот претставник.

Лука Модриќ, кому овој месец му истече договорот со Реал Мадрид, во мир оди на собирот на хрватската репрезентација. Со репрезентацијата в петок ќе го посетат папата Франциско во Ватикан, а потоа ќе заминат за Холандија каде од 14. до 18. јуни ќе играат на завршниот турнир во Лигата на нации.

Следната недела во спортскиот камп би можеле да организираат прес-конференција за продолжување на договорот со шпанскиот репрезентативец Начо Фернандез (33 г.), еден од петте играчи на кои договорот им истекува на крајот на месецот. Најдолг стаж има Начо, дефанзивецот кој игра за првиот тим од 2011 година, па ќе биде капитен следната сезона.

Но, со оглед на тоа што е резервен играч, Лука Модриќ ќе ја носи капитенската лента на теренот доколку го задржи местото во стартниот тим.