Сите ја бараат Ана Николиќ! Среде скандалот ѝ порасна популарноста: Откако нејзиниот менаџер ги откажа сите настапи, фановите бунтуваат (фото)

Поради скандалот кој со денови ја тресе балканската естрада, а се однесува на бурниот бизнис распад меѓу Ана Николиќ и Саша Мирковиќ, и’ се откажани сите настапи кои и’ ги договарал неодамнешниот менаџер.

Но, интересот за Николиќ во клубовите не е намален, напротив е зголемен.

Според српските медиуми, луѓето сега масовно се јавуваат и прашуваат зошто нема да има настап на Ана во клуб во Црна Гора.

– Од тимот на Мирковиќ нè известија дека Ана нема да пее во нашиот клуб бидејќи престана да работи со неа и ги повлековме сите огласи, но дури тогаш почна хаосот. Луѓето почнаа да ни пишуваат пораки на мрежите и да ни се јавуваат за тоа, прашувајќи нè зошто таа нема да дојде да пее. И не знаеме што да правиме сега. Ако луѓето постојано ни се јавуваат и бараат Ана да дојде да пее кога ќе биде најавена, ќе мора некако да стапиме во контакт со неа и да видиме дали има шанса да ги исполниме желбите на посетителите – вели соговорникот, инсистирајќи на тоа да остане анонимен.

Да потсетиме, скандалот меѓу Ана и Мирковиќ започна во саботата, кога таа на Инстаграм објави дека е човек кој се обидел да ја манипулира. Одговорот на Саша бил дека тој само побарал од Николиќ да оди на лекување од алкохолизам и дрога, а потоа почнал да објавува нејзини приватни фотографии на кои се гледаат лузни и кратери на нејзиното лице. После неколку дена пејачката конечно се огласи и рече дека се чувствува добро, дека му е благодарна на Мирковиќ за соработката, а потоа се пошегува и додаде дека ќе одржи концерт, но не знае на кој датум.