Орбан ја коментираше политиката кон мигрантите предводена од Европската унија, на која тој се противи. Според Орбан, решението е секоја земја од ЕУ да го „реши“ проблемот со мигрантите на свој начин.„Имавме понуда на толеранција до Брисел: секоја земја може да се справи со миграцијата како што сака, но не може да ја принуди Унгарија да ја копира неуспешната миграциска политика на Западна Европа. Не сакаме тероризам, војни со банди и мини Газа во Будимпешта. “, рече Орбан.
Не е јасно што сакаше да каже Орбан со оваа изјава за Газа, но секако може да се заклучи дека тоа е многу несоодветно, особено ако се земат предвид моменталните околности на Блискиот Исток, каде што стотици Палестинци, главно деца, се убиени секој ден во израелското гранатирање на Газа.
Потсетуваме дека Орбан претходно ги забрани протестите за поддршка на Палестинците во Унгарија.
Орбан тогаш протестите за поддршка на Палестинците ги нарече „протерористички“.
„Во Унгарија нема да има протерористички протести. Ќе го заштитиме народот на Унгарија“, напиша тогаш Орбан на социјалната мрежа Х.