Скандал во Лас Вегас: Карди Б со микрофон удри девојка од публиката која ја поли со пиво (ВИДЕО)

Обезбедувањето веднаш скокна – настана општ хаос

Синоќа со брзина се рашири скандалозно видео од настапот на раперката Карди Би која среде концерт во Лас Вегас со микрофон удри девојка од публиката, откако таа ја испрска со пиво од првиот ред.

Ваквиот потег на навивачката ја извади од такт, а таа револтирано реагираше, поради што настана општ хаос. Снимките на кои раперката од различни агли диво го фрла микрофонот кон девојката, со часови ги преплавува социјалните платформи, а твитерџиите не престануваат да коментираат уште еден во низата скандалозни потези на пејачката.

Ова не е прв пат Карди да го користи микрофонот за физичка пресметка. Имено, таа токму претходната вечер се изнервирала во еден клуб кога диџејот прекинал една нејзина песна, а потоа му го фрлил микрофонот.

@much

They forgot #CardiB is from the Bronx😭 [via @Jess 🖤 ] #mic #drink

♬ original sound – MuchMusic

 Многу корисници на социјалните мрежи го поздравија потегот на пејачката.