Скандал во Шпанија: Барселона на поранешниот шеф на судиите му уплатила 1,4 милиони евра

Шпанското државно правобранителство го истражува работењето на компанијата во сопственост на Хозе Енрикез Негреира, долгогодишен шпански судија и претседател на техничката комисија за Ла Лига од 1994 до 2018 година.

Засега тој е осомничен за измама и корупција, а се започнало кога даночниот инспекторат открил сомнителни плаќања кои дошле на сметката на споменатата компанија од Барселона, каталонскиот фудбалски гигант.

„Ел Паис“ пишува дека станува збор за сума од 1,4 милиони евра, а парите се исплатени во периодот од 2016 до 2018 година, додека претседател на клубот бил Хозеп Бартомеу.

Според каталонските медиуми, Барселона во 2016 година платила 532.000 евра, во 2017 година 541.000 евра и во 2018 година се одлеани 318.000 евра. Последната уплата се поклопува со заминувањето на Енрикез Негреира од судиската комисија, по што беше формиран нов состав на тоа тело.

Бартомеу објасни дека ваквите плаќања не се нова практика во Барселона и тврди дека каталонскиот клуб плаќал во истата компанија од 2003 година, кога Лапорта го имаше првиот претседателски мандат. Приказната ја потврди Сандро Росел, претседателот на клубот меѓу 2010 и 2015 година. Лапорта се уште не проговорил на оваа тема.

Пред истражниот суд сведочеа неколку поранешни челници на Барселона, како и сопствениците на компанијата. Негреира не ги пријавил гореспоменатите плаќања од Барселона до даночната управа, а наведува дека тоа не го сторил затоа што „само им давал консултантски услуги“.