Скандал ги тресе Црна Гора и Европа: Тим од Тиват обвинет за местење натпревари во Конференциската лига! Се споменува и Македонија!
Третото најсилно натпреварување во Европа, Конференциската Лига, полека влегува во натпреварите од второто коло од квалификациите, додека скандал се заканува сериозно да ја потресе Црна Гора, но и Македонија. Според полските медиуми, тимот на Арсенал од Тиват го наместил мечот од првото коло!
Имено, новинарот на полскиот портал „Спорт.твп“, Матеуш Мига изрази сомнеж дека во текот на првото коло се случиле повеќе нечесни работи, а тоа што нему најмногу му привлекло внимание е дуелот помеѓу Арсенал од Тиват и ерменскиот Алашкерт.
Ерменскиот претставник беше силен во Црна Гора, славеше со огромни 6:1, додека само седум дена пред резултатот беше 1:1. Сепак, Полјакот тврди дека за време на натпреварот во обложувалниците се случиле неверојатни уплати кои ја надминале цифрата од над 250.000 евра.
Како што напоменува, се’ станало сомнително кога при резултат 0:0 во 35 минута од натпреварот, во кладилниците ширум светот одеднаш биле уплатени огромна сума на пари дека до крајот на полувремето ќе има најмалку два гола. И навистина имало два гола, едниот во 40 минута, а другиот во судиското надополнување.
Исто така, гостите постигнале два гола во судиското надополнување во самиот финиш на натпреварот, и сомнежите се дека токму тимот на Црна Гора го наместил натпреварот.
Покрај овој меч, за Полјакот под знак прашалник е и натпреварот против македонскиот „Ѓорче Петров“, кој беше поразен од РФС од Рига со 4:1, а и овде имаше сомнителни уплати по обложувалниците.