СКАНДАЛ ЈА ПОТРЕСЕ ХРВАТСКА Момчиња ги фотографирале градите и гениталиите на пријателка додека била во несвест

Миро и Лео се осудени на затворски казни бидејќи ја фотографирале својата пријателка гола во нејзиниот стан додека таа била во несвест.

Според кривичната пријава, на крајот на ноември околу 5 часот во Бјеловар, во станот во кој живееле заедно нивната пријателка, со неовластено снимање извршиле кривично дело против нејзината приватност.

„Откако ја пронашле девојката онесвестена на подот во бањата, ја подигнале од подот и ја ставиле на креветот, а потоа и ја соблекле кошулата, панталоните и долната облека.

После тоа, без нејзина дозвола, со мобилниот телефон на Леа ги фотографирале голите гради и гениталии. Поради тоа неовластено ја фотографирале и на тој начин и ја нарушиле приватноста“ , стои во кривичната наредба што против нив ја издаде државното судство.

По таа пријава се прогласени за виновни Миро (27) и Лео (24) и осудени на условна затворска казна од осум месеци. Полицијата добила наредба да му го врати одземениот телефон на Миро, а Лео трајно останал без својот телефон со кој фотографирал гола девојка.

Со оглед на описот на злосторството, се чини дека фотографиите не се испратени или достапни на други лица. Да го стореле тоа, квалификацијата на делото би била поинаква, а казната веројатно би била построга.