СКАПОЦЕНИ МОМЕНТИ – Видео од новороденче и мајка го освојува ТикТок: Најубавото нешто што ќе го видите денес

Видеата кои ги освоија ТикТок и другите социјални мрежи во изминатите неколку дена се создадени во Бразил и прикажуваат новороденче како одмара на образот на неговата мајка.

Раѓањето на бебето е неверојатен момент на необјасниви емоции кои вечно ги обележуваат мајката и таткото, а фотографката Бруна Коста од Бразил успева да го долови на своите фотографии.

На своите профили на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа направени непосредно пред и по раѓањето на жените.

Станува збор за серија вакви снимки кои ги освоија ТикТок и социјалните мрежи и беа споделени последниве денови, на кои се гледа како новороденче се потпира на образот на својата мајка веднаш по раѓањето.

Додека родителите ја галат, новороденото девојче љубопитно гледа наоколу, а видеата ги разнежниле сите што ги гледале.

Една од серијата снимки привлече повеќе од половина милион прегледи само на TikTok, а голем број слични објави може да се најдат на профилот на фотографот.