Полицијата соопшти дека 69-годишна скопјанка е тешко повредена при инцидент во автобус на скопскиот јавен превоз.
Таа кога се симнувала од автобусот била фатена со вратата која што била затворена пред да успее да излезе.
Паднала и добила тешки повреди кои се констатирани во болница.
МВР објави повеќе детали за бизарниот инцидент во дневниот билтен:
На 05.05.2023 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“, Т.А.(69) од Скопје, при симнување од градски автобус била фатена од вратата по што паднала. Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.