Сладок леб со јаболка: Рецепт за вкусен десерт со омиленото есенско овошје

Во рецептот можете да користите секаков вид јаболко. Меѓутоа, доколку сте љубител на слатко-кисели комбинации, најдобро би било да користите покисел тип како Granny Smith.

Искористете го изобилството на јаболка и направете сладок леб со ова вкусно овошје со вкус на неодолив цимет . Станува збор за традиционален американски рецепт кој многу лесно се подготвува.

Можете да го послужите за појадок, ужина или десерт.
За печениот леб да остане свеж што подолго, ставете го во херметички затворена кутија.

Состојки за леб со јаболка:

  • 200 гр кафеав шеќер
  • 180 гр брашно
  • 125 гр полномасно млеко
  • 115 гр путер
  • 100 гр бел шеќер
  • 2 јајца
  • 2 јаболка
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 2 лажички цимет во прав
  • 1,5 лажички сода бикарбона

Состојки за глазурата:

  • 115 шеќер во прав
  • 2 супени лажици млеко

Подготовка на леб со јаболка:

  1. Во миксер ставете ги путерот и белиот шеќер и матете додека не добиете еднолична мазна смеса. Ќе ви бидат потребни околу две минути.
  2. Додадете екстракт од ванила, полномасно млеко и јајца. Продолжете да мешате.
  3. Во смесата додадете ги брашното, сода бикарбоната и една лажичка цимет во прав. Добро измешајте. 
  4. Во поголем сад измешајте ги излупените јаболка исечкани на приближно еднакви коцки, 100 грама кафеав шеќер и преостанатата лажичка цимет.
  5. Половина од смесата за леб префрлете ја во подмачкан калап, покријте го со зашеќерени јаболка и прелијте ги со остатокот од смесата.
  6. Врз слатката лепче посипете го остатокот од кафеавиот шеќер.
  7. Слатката погача се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 50 минути.
  8. Оставете го лебот целосно да се излади.
  9. Направете ја глазурата: измешајте млеко и шеќер во прав во смеса без грутки, па прелијте ја врз изладениот леб со јаболка. Добар апетит!