Словенија се подготвува да го зголеми нуклеарниот капацитет: Која е улогата на Бугарија во ова?

Новата бугарска влада е многу активна во преговорите во областа на нуклеарната енергија во контекст на намалување на енергетската зависност од Русија.

Бугарија и’ понуди на Словенија да се приклучи на проектот за нови реактори во нуклеарната централа Козлодуј како купувач на енергија или како инвеститор, понуда што веќе и’ беше дадена на Грција на почетокот на оваа година.

Словенија се подготвува да го зголеми својот нуклеарен капацитет и е подготвена да учи од Бугарија, која се чини дека е пред неа во плановите за проширување на нуклеарната централа Козлодуј со два нови американски реактори.

,,Проектот го поврзуваме со долгорочна прогноза за побарувачка на енергија која го опфаќа периодот најмалку до 2050 година. Ова покажува дека два нови реактори, во комбинација со продолжување на животниот век на постоечките, ќе бидат доволни да обезбедат основна моќност додека не одлучиме како да ја развиеме нашата енергија по средината на векот“, објасни бугарскиот премиер Николај Денков.

Денков му понуди на својот словенечки колега Роберт Голоб учество во проектот на билатерален состанок во рамките на 18. стратешки форум во Блед, соопшти во вторникот владата во Софија.

Бугарија е исто така подготвена да помогне во обуката на словенечки експерти за нуклеарна енергија.

Во јули годинава, Грција го потврди својот интерес за инвестирање во изградба на нови реактори во нуклеарната централа Козлодуј, со алтернативна опција за склучување на 20-годишен договор за откуп на произведената електрична енергија.

Бугарија се чини дека напредува во проектот за проширување на нуклеарната централа Козлодуј во моментов. Државата ја избра американската компанија Вестингхаус за извршител на физибилити студијата за изградба на VII реактор во АЕ Козлодуј со помош на американската технологија АП-1000.

Се чини дека американската компанија е апсолутен фаворит за изградба на нова нуклеарна централа, откако се обиде да влезе на бугарскиот пазар од 2014 година.

Новата бугарска влада е многу активна во преговорите во областа на нуклеарната енергија во контекст на намалување на енергетската зависност од Русија.

На почетокот на јули стана јасно дека Украина води сериозни разговори за купување на два нуклеарни реактори од руско производство од Бугарија во договор што би можел да му помогне на Киев да се справи со недостигот на електрична енергија и да и’ помогне на Бугарија да продаде отпадна опрема за која секоја година троши милиони за да ја зачува.

Дел од дискусијата за можниот договор се одржа во Софија за време на првата посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Бугарија во јули.