ТАТКОТО НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ СЕ СРЕТНА СО ВНУКОТ: Дедо Рајко пристигна во Белград и на малиот Мариo му донесе посебен подарок

Таткото на пејачката, Рајко Шерифовиќ, дошол во српската престолнина да го запознае својот внук, и опишал како била првата средба.
Пејачката Марија Шерифовиќ во декември минатата година роди син, а го доби преку сурогат мајка.

Мајката на Марија Верица не се дели од внукот, па се вселила во станот на Марија, а сега гордиот дедо го запознал малиот Марио.
Таткото на пејачката, Рајко Шерифовиќ, дошол во српската престолнина да го запознае својот внук, и опишал како била првата средба.

  • Таткото на Марија Шерифовиќ дошол во Белград да го види својот внук. На среќата на Рајко и нема крај, бидејќи доби наследник. Секогаш фантазираше за тоа. Трогателна беше средбата меѓу дедото и наследникот. И Рајко подготви специјален подарок за наследникот – изјави извор за Блиц, а потоа проговори и самиот Рајко.
  • Ова е најсреќниот ден на нашето семејство. Не можам да опишам колку сум среќен што станав дедо – рекол гордиот дедо.