СНЕГ ЈА ПОКРИ СРБИЈА, БЕЛГРАД ПАРАЛИЗИРАН По температура од 22 степени ШОК – патиштата се едвај проодни, на овие места СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА ОТЕЖНАТО 

Денеска падна снег во поголемиот дел од Србија , а на места како Ваљево, Шабац, Горњи Милановац, Мали Пожаревац и во други делови на југозапад, југ и запад на Србија, снежните виулици го отежнаа сообраќајот.

Службите за патна помош го отстрануваат снегот и им помагаат на граѓаните во сообраќајот.

Вејавица и кај Ваљево.

Исто така, состојбата не е одлична и на автопатот Милош Велики кај Чачак, каде видливоста е намалена, па на возачите им се препорачува возењето да го приспособат на условите на патот.

Од врнежи беа зафатени и патиштата во Пожаревац.