Големиот недостиг на јајца во САД доведе до необичен вид шверц на границата меѓу САД и Мексико.
Наглото зголемување на цената на јајцата поттикна некои кои редовно ја минуваат јужната граница на САД да купуваат јајца по пониски цени во Мексико и да ги шверцуваат на север, пренесува Танјуг.
„Во изминатите три месеци бележиме пораст од околу 108 проценти кај заплената на свежи производи од пилешко, особено свежи јајца. Повеќето од запленетите јајца доаѓаат во Ел Пасо“, потврди Луис Карлос Масијас од Царината и граничната заштита.
Во Тексас, Аризона и Калифорнија, царинските агенти во последните месеци заплениле големи количини шверцувани јајца.
Цените на јајцата пораснаа кога епидемијата на птичји грип ја десеткуваше живината во САД.