Монитор за бебиња го снимил драматичниот момент кога мајка си ја спасува ќерката откако нивниот прозорец од спалната соба бил скршен од силен ветер.
„Почувствував дека нешто ќе тргне наопаку, а потоа се скрши стаклото“, изјави Џесика О’Рајли за моментот на ITV News во нивниот дом во Џерси, најголемиот и најјужниот остров во групата Каналски Острови на Велика Британија.
Во краткиот клип О’Рајли и нејзиното тримесечно бебе спијат, а силен ветер ги разбудил. Одеднаш, налетот на ветерот го скрши прозорецот, а мајката со ќерката во раце истрчува од собата.
„Сè беше полно со стакло, во креветот, на подот, насекаде“, додаде О’Рајли, истакнувајќи дека и таа и нејзината ќерка имале среќа што останале живи бидејќи чувствувала дека „целата куќа ќе се урне“.
Новинарката на ИТВ, Софи Далсон, објави на Х дека и мајката и детето се безбедни и дека се преместени во хотел.