СНИМКА НА ДАРА БУБАМАРА ОД НОЌЕН КЛУБ СТАНА ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ! Вака пејачката изгледа во живо и без фотошоп (ВИДЕО)
Дара Бубамара е фотографирана во ноќен клуб во необична облека која предизвика големо внимание.
Таа беше снимена во проѕирно боди, кое ги истакна нејзините силиконски гради и црвени лакирани панталони кои и беа навлечени до колковите.
Дара последниве години често е во домашните медиуми поради фотошопирање на своите слики, а многумина тврдат дека пејачката претерува и не изгледа така во живо, а често е мета на потсмев на социјалните мрежи.
Бројни следбеници гледаа „како изгледа Дара без филтер“ , а посебно внимание посветија на нејзиното лице и задник со кои пејачката често се фали.
Во видеото Дара се приближува до камерата и во еден момент како да го бакнува микрофонот додека пее.