СНИМКА ОД АПСЕЊЕТО НА СРПСКИ ФУДБАЛЕР! Легијата објави видео: Панков тероризиран како криминалец, полицијата го тепа претседателот на клубот
Фудбалскиот клуб Легија од Варшава објави видео од апсењето на српскиот фудбалер Радован Панков по натпреварот на клубот во Холандија против АЗ Алкмар.
Панков и капитенот на Легија, Жозе, по мечот беа извадени од клупскиот автобус и со полициско возило однесени во полициска станица. Ноќта ја поминале во затвор, а еден ден подоцна се вратиле во Варшава .
Панков беше обвинет дека турнал обезбедувач кој паднал и му ја скршил раката.
Легијата сега објави половина час долго видео од целиот настан. Може да се види како Панков е апсен како криминалец, а на видеото може да се слушне и како полицајците го тепаат претседателот на Легијата.
Полјаците во видеото наведоа дека „холанѓаните покажаа ксенофобија, агресија и дискриминација“.
Видеото од апсењето можете да го погледнете од 21. минута од видеото.