СОВЕТНИКОТ НА БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ НАЈАВИ ПЕКОЛ ЗА ХАМАС – “Нашите воени операции се во тек, Појасот Газа ќе добие нов лик!“

Израел го зголемува притисокот врз палестинската терористичка група Хамас, нејзините воени операции се во тек, а Појасот Газа ќе биде многу поинаков, порача доцна синоќа, Марк Регев, советник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесуваат странските медиуми.

Го зголемуваме притисокот врз Хамас. Го зголемуваме притисокот под нив. Нашите воени операции се во тек“, изјави тој за Fox News.

Тие ќе продолжат да ги примаат нашите воени удари додека не ја растуриме нивната воена машина и не ја распуштиме нивната политичка структура во Појасот Газа. Кога ова ќе заврши, Газа ќе биде многу поинаква“, нагласи тој.

Палестинската милитантна група Хамас ќе плати за своите злосторства против човештвото и Израел почнува да ги тера да плаќаат“, изјави Марк Регев во петокот во интервју за MSNBC.