Советникот на Володимир Зеленски тврди: “Русија наскоро ќе има нов претседател“

Украинскиот советник за внатрешни работи, Антон Герашченко, во врска со бунтот на групата Вагнер против руското раководството, денес на неговиот профил на социјалната мрежа Телеграм го сподели соопштението на Евгениј Пригожин во кое се наведува: „Владимир Путин направи погрешен избор. Толку полошо за него. Наскоро ќе имаме нов претседател“.

Руските канали на социјалната мрежа Телеграм јавуваат дека војниците на Вагнер влегле во Воронеж и се на периферијата на Краснодар и Волгоград и дека никој не им дава отпор.

Како потсетување, во раните утрински часови група платеници на Вагнер, под водство на Евгениј Пригожин, почнаа вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов на Дон

Според Евгениј Пригожин, нивната крајна цел е влегување во Москва