Сокот од цвекло има и 4 здравствени придобивки за кои можеби не сте знаеле

Цвеклото е полно со влакна и го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата, а познато е дека ни се потребни многу здрави бактерии во дигестивниот систем за борба против болестите и зајакнување на имунолошкиот систем.

Сокот од цвекло е познат по тоа што го намалува високиот крвен притисок и го намалува воспалението. Овој често сладок напиток може да оди добро со обилен оброк, а бидејќи цвеклото е полно со влакна, тие исто така го поттикнуваат растот на добрите бактерии во нашите црева. А познато е дека ни се потребни многу здрави бактерии во дигестивниот систем за да се бориме против болестите и да го зајакнеме имунолошкиот систем, потсетуваат лекарите.

Сокот од цвекло не е добар само за намалување на крвниот притисок

Меѓутоа, сокот од цвекло не е добар само за намалување на крвниот притисок , за заштита и зачувување на црниот дроб… Експертите не потсетуваат на уште 4 здравствени придобивки од овој природен пијалок.

Зголемување на издржливоста

Студија од 2017 година покажа дека долгорочното консумирање на сок од цвекло може да помогне во зголемување на перформансите, кардиореспираторниот капацитет и времето до исцрпеност. Истражување за ефектот на сокот од цвекло било спроведено на различни спортисти, а нивната заедничка цел била да се испита благотворното дејство на сокот врз атлетските перформанси. Резултатите покажале дека пливачите кои пиеле сок од цвекло значително го зголемиле својот анаеробен праг по додавањето на пијалокот во споредба со тестирањето без сок. Тоа значи дека зголемениот капацитет на кислород им овозможил да пливаат подолго. Исто така, се покажа дека спортистите имаат помала потрошувачка на аеробна енергија кога го пијат сокот, што им овозможило да одржуваат подолги периоди на вежбање и пливање.

Помага во спречување на анемија

Анемијата е резултат на недостаток на црвени крвни зрнца, или дисфункција на црвените крвни зрнца во телото. Може да предизвика вртоглавица, бледа кожа, отежнато дишење, забрзано чукање на срцето и многу други проблеми. А сокот од цвекло е богат со железо, кое е суштинска компонента на црвените крвни зрнца. Без железо, црвените крвни зрнца не можат да носат кислород низ телото. Луѓето кои имаат ниско ниво на железо понекогаш може да развијат анемија со дефицит на железо .

Го поддржува когнитивното здравје – „го подмладува мозокот“

Сокот од цвекло „го зголемува протокот на крв во мозокот кај постарите луѓе, што може да послужи како природен начин за спречување на Алцхајмерова болест и борба против прогресијата на деменција и други когнитивни состојби“, велат истражувачите. Студија од 2017 година објавена во списанието за геронтологија: медицински науки покажа дека суплементацијата на сокот од цвекло во комбинација со вежбање предизвикала мозочна активност кај постарите возрасни лица која наликува на онаа на помладите возрасни. Излегува дека сокот од цвекло работи како вежбање, зголемувајќи го протокот на крв во мозокот. И зголемувањето на протокот на крв во мозокот во суштина го прави постариот мозок помлад, односно го подмладува мозокот.

Одличен извор на минерали

Напитокот од сурово цвекло е одличен извор на калиум, минерал и електролит кој им помага на нервите и мускулите да функционираат, како и железо и многу други минерали, вклучувајќи магнезиум, манган, натриум, цинк, бакар и селен. Освен витамини и минерали, сокот од цвекло содржи и нитрати.

Иако има многу придобивки од овој сок, има и неколку несакани ефекти за кои треба да бидеме свесни. Ако веќе земате лекови за крвен притисок, консултирајте се со вашиот лекар пред да почнете да го пиете овој сок. Исто така, високите нивоа на оксалати може да предизвикаат формирање на камења во бубрезите.