СОЛЕНИ ГАЛЕТИ – Ќе ви ја стоплат душата и телото, никогаш досега не сте ги пробале

Овие солени галети лесно ќе ги направите и потребен ви е само апарат и неколку состојки.

Потребно е

500 гр брашно
200 мл масло
2 јајца
1 лажичка сол
100 мл млеко
200 мл јогурт
1/2 лажичка прашок за пециво
Подготовка:
Посолените јајца се матат и се додаваат јогуртот, млекото и маслото. Сè добро измешајте, па прелијте го просеаното брашно со прашокот за пециво. Потоа соединете ја смесата. Оставете го да отстои половина час покриено со проѕирна фолија. Кога ќе го загреете уредот, истурете ја смесата во неа и печете 5 минути. Пријатно!